Како Како Љупчо Путерот и Рашковски за еден одмор трошат пари колку еден стан прашува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Како Љупчо Путерот и Рашковски, си го зголемија имотот по стапување на функција, за еден одмор трошат пари колку еден стан – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Од партијата велат дека половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, народот буквално мизерува и јаде леб и маргарин, додека Љупчо Николовски – Путер и Драги Рашковски трошат десетици илјади евра за одмор на луксузни дестинации како Дубаи и Мексико.

„55.000 луѓе останаа на улица, а Љупчо Путерот и Драги Рашковски за еден одмор потрошиле 100 тина нивни плати. 6.200 фирми се затворени. Се помалку бизнис можат да се пофалат дека имаат позитива во работата, а Љупчо Путерот и Драги Рашковски за неколку дена за одмор даваат пари колку што чини еден стан. Од каде им десетици илјади евра на Љупчо Путерот и Драги Рашковски, кога имаат само една службеничка плата од 60.000 денари? Колку пари треба да имаш за да заминеш на одмор од 20.000 евра? Ќе одговорат ли Љупчо Путерот и Драги Рашковски од каде им пари за овие луксузни одмори. Одговори можеби нема, но одговорност ќе има – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски