Како Емил Зола, ќе викнам „J`accuse“

Од:

Не сум го видела вториот човек во државава Трајко Вељаноски, точно од фамозниот црн понеделник на 24 декември. Ама сепак, никако да ми излезе од ум. Се прашувам, како му е? И заклучувам, ич не му е лесно! Или, галиба многу, многу му е тешко! И како да не му биде?!

Човекот е дипломиран правник, бил адвокат, во политичката кариера низ дпмне-то постојано е прв-втор човек задолжен за законите, правдината, судовите, процедурите, правилата.

Сега, откако ми поминаа модринките од силеџиското влечење и подмолното мавање по бубрези(иако ми остана високиот притисок као успомен и дуго сечање на Трајко) со кое власта ни зема мерка нам,пратениците од опозицијата,се почесто се навраќам во мислите на Трајко.Ете,ние тепаните,фала му на господ арни сме,секоја вечер на улица,против режимската власт,за слобода,за демократија,за правдина,за нашава Македонија.

Со народот, голораки, расположени, силни оти имаме голема цел, охрабрени оти се гледа крајот и оти со секој нов ден стануваме се побројни и поодлучни. А Трајко? Беше многу нервозен и во грч на 24 –ти? Прелапнуваше букви од зборовите кои ги цедеше низ заби.

И гледам, кога го даваат на некоја од телевизиите на кратко, се уште го прави тоа. Што го мачи? Ете ,спремно го дочека ударот од „државните непријатели“ кои преку ФБ профилот на керќа му, од околу, преку Народната банка на РМ (каде работи керќа му), удрија директно на државата Република Македонија, обидувајќи се да ја стресат втората по важност институција-претседател на Собранието, бескрупулозно да мавнат по вториот човек во државата ни.

Ама Трајко не се даде. Кога зашкрипи со заби по тоа, медиумите, кога искомандува остав, замолкнаа сите.

Ама пак,не ми изгледа релаксирано по „големата победа“ што под негова команда ја издвојува ВМРО-ДПМНЕ над државата независна,суверена,демократска ни Република Македонија. А и не е лесно од позиција на власт, од позиција кога и чеканот и пендраците ти се в рака, некои си неранимајковци од опозиционери, од страна да те фатат како апла крадеш од ќесето на братот, на соседот, на пријателот, од устата на сопственото дете, па од зорт заман, немајќи ни оправдување, ни излез, удираш по државата, по уставниот поредок, по се во што си се колнел.

Ние го изедовме ќотекот-ама модринките поминаа. Не исфрливте од Собранието-сега пак, не ви е погодено, пак не ви е кеиф што сме биле на улица. Собранието од храм на демократија го претворивте во СРАМ за демократијата.

А мене после секоја блокода, после секој марш,после секој Граѓански парламент, после секој стисок на раката од добродушни, самосвесни, домаќини-луѓе кои ни велат да издржиме, не им попуштајте.

Ми излегува пред очи ликот на Трајко, бесот во неговите очи, нервозата згрчена на неговиот лик, покорот кој не му доликува на ВТОРИОТ кон ТРЕТИОТ човек на една држава, на срамот кој невешто го маскира. И тогаш ми доаѓа како Емил Зола гласно да викнам J`ACCUSE (обвинувам) за глупоста што ја направи.

Нека Ти е напомош совеста, Трајко, човештината и моралот. Колку што ја имаш-толку ќе можеш да бидеш по(не)спокоен. Крај има и крајот се гледа.

Пратеник во Собранието на РМ и новинар

Дивна Јовковска-Ефтимоска

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска