Како да се чуе гласот на безгласните?

Од:

Етичка должност на новинар(к)ите не е само да известуваат за јавни протести туку и за барањата на лицата кои протестираат. Ретки беа медиумите кои ги ставија во преден план барањата на лицата кои протестираа, наспроти изјавите на министерот дека протестот пред МТСП бил „грешка“.

„Благодариме на сите за подршката, особено до медиумите кои ни помагаат да го кренеме гласот! Немаме толкувачи затоа го пишуваме ова!“ (Јавен собир на глуви и наглуви на Република Македонија)

Пишува: Жарко Трајаноским-р по човекови права

Неодамнешниот мирен протест на група луѓе со попреченост беше одличен повод за проверка колку од новинар(к)ите го почитуваа етичкиот кодекс и овозможија „да се чуе гласот на безгласните“.

На прсти можат да се избројат медиумите кои објавија најава за протестот. Со ретки исклучоци, медиумите го игнорираа соопштението за „Јавен собир на глуви и наглуви на Република Македонија“.  Некои провладини медиуми воопшто не известуваа  за протестот пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а некои известија само за министерската реакција на протестот.

Дали протестот пред МТСП се одржал по „грешка“?

Повеќе медиуми ја пренесоа како клучна „информацијата“ дека протестот пред МТСП бил грешка. На пример, Курир како поднаслов ја сумираше следнава министерска „информација“:

„Денешниот протест на глуви и наглуви лица пред Министерството за труд и социјална политика се одржал по грешка, бидејќи тие барале промена во Националниот сојуз на глуви, нешто што не е во надлежност на оваа Министерство, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.“

Повеќе медиуми објавија исти содржини во кои двапати се повторува изјава во која министерот информира дека бил информиран за „грешката“: „Бев информиран, всушност дека тие и по грешка дошле пред Министерството, бидејќи бараа промени во Националниот сојуз на глуви“ и „Навистина ми е жал што, едноставно и самите кажаа дека по грешка бил нивниот собир пред МТСП…“

Новинар(к)ите ги објавија овие министерски „информации“ без да извршат проверка дали претставниците на лицата кои протестирале навистина го информирале министерот дека „по грешка дошле пред Министерството“. Проверката е неопходна и поради соопштената информација дека мирниот собир не бил закажан само пред МТСП: „Глувите и наглувите во Република Македонија, како засегната група во случајов сакаат да го “подигнат гласот” и поради тоа на 25.09.2013 се одлучија на јавен собир пред  Министерството за труд и социјална политика во 09:40, па потоа во 12:30 пред  Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија.“ Исто така, во информацијата јасно се посочуваат причините зошто јавниот собир започнува пред МТСП: „Националниот сојуз е финансиран од страна на МТСП, истото има право да врши преглед на работата на НСГНРМ ( во буџетот и програмата).  Доколку се врши преглед, сигурно ќе се увидат страшни недоследности!“

Има ли кој да ги соопшти барањата на протестот?

Етичка должност на новинар(к)ите не е само да известуваат за јавни протести туку и за барањата на лицата кои протестираат. Ретки беа медиумите кои ги ставија во преден план барањата на лицата кои протестираа, наспроти изјавите на министерот дека протестот пред МТСП бил „грешка“.

Во видео-написот „Си ги бараат своите права: Протест на глувите од Македонија“ е нагласен проблемот со недостаток на толкувачи:  „Во Македонија има околу 6000 глуви, а само 12 толкувачи. Тие што можат сами плаќаат толкувачи од свој џеб, за да можат да се разберат на суд, во болница. Бидејќи не можат да се разберат без толкувач, најчесто ги губат случаите на суд или добиваат погрешна дијагноза на лекар.“

Во написот „Кој треба да им помогне на глувите лица?“, јасно се наведени клучните барања до МТСП:  „На денешниот протест на глуви и наглуви лица пред Министерството за труд и социјална политика околу триесетина граѓани со оштетен слух побараа од надлежната институција да им одобри повеќе пари за општествен развој, нормален живот со добра работа,  школување и вработување на толкувачи како и за кодификација на знаковниот јазик. Тие побараа и детална проверка во работењето на управата на нивниот Сојуз и воведување сертификати за толкувачи.“

Исто така, во прилогот  „Протест на глуви и наглуви лица“ првенство им се дава на проблемите и барањата на лицата кои протестираат,  а дури потоа се најавува изјавата на министерот (за време на најавата се прикажува  транспарент  „Не заборавајте! И ние сме дел од оваа држава. Стоп за дискриминација при вработување“):

„Министерот Диме Спасов пак, наместо да ја испита состојбата во која се наоѓаат глувите и наглуви лица, рече дека денешните протести пред Министерството биле на погрешна адреса.“

Дел од медиумите воопшто немаат слух за лицата со оштетен слух

Ниту еден од провладините медиуми кои ја врамија како ударна министерската „информација“ дека протестот пред МТСП бил „грешка“ или на „погрешна адреса“ не го објави демантот на групата лица кои протестираат. Единствено „Телма“ објави прилог „Протестот на луѓето со оштетен слух не беше на погрешна адреса“  во кој се потенцира дека „Глувите не беа пред Министерството за труд и социјална политика по грешка, туку со надеж дека министерот ќе побара отчет од претседателот на Сојузот на глуви и наглуви за буџетот што го добива секоја година.“

Дел од провладините медиуми објавуваа вести во врска со протестот во кои воопшто не се слуша гласот на лицата кои протестираа, иако тие однапред им се заблагодарија на „медиумите кои ни помагаат да го кренеме гласот“. На пример, во веста „Глувонемите лица ќе добиваат по 4.000 денари месечно“ извор на информации е единствено министер, чие тврдење дека протестот бил грешка е врамено како потврдена информација во поднасловот: „Протестот на глувите и наглувите лица пред Министерството за труд и социјална политика се одржал по грешка…“. Во веста воопшто не е нагласен проблемот со недостаток на толкувачи, но се поентира со министерска изјава дека надоместокот (кој ќе го добиваат само „комплетно глувонемите лица од јануари 2014 година“) ќе биде решение и за „обезбедување толкувачи“: „Не велам дека со тие средства се решаваат сите проблеми, меѓутоа значително им се помага да ги надминат проблемите со кои се соочуваат, меѓу кои е и обезбедување толкувачи“. Медиумот воопшто не го покренува прашањето како ќе се обезбедат толкувачи во сите градови кога во „Листата на толкувачи на знаковен јазик во Република Македонија“ има само 12 сертифицирани лица.

Само еден медиум објави своевидна реакција во врска со министерската изјава дека протестот делумно ќе се реши со надоместок:

„Протестот не беше молба за милостина туку за соодветно раководење на единствената институција во државата која треба да се бори за нашите права, единствена надлежна да обучува толкувачи на знаковен јазик, нешто што не го прави со години“.

Најголем дел од медиумите не известија за поддршката на Хелсиншкиот комитет 

Провладините медиуми комплетно ја игнорираа јавната поддршка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија преку соопштениетоИнституционални пречки во пристапот до права и правда на глуви и наглуви лица, кое беше објавено само на неколку интернет портали.  Само неколку медиуми информираа за понудената бесплатна правна помош и  обезбедија јавна изјава од претставници на Хелсиншкиот комитет во која се акцентира дека протестот бил на вистинското место:

„Мислам дека на право место беше протестот. Токму Министерството за труд и социјална политика е тоа што треба да врши надзор над работата на Националниот сојуз, тоа е она што има таква задача“.

За жал, мирниот  протест во кое едно од клучните барања беше оспособување на поголем број толкувачи на знаковен јазик не беше поттик за покренување на следново прашање од јавен интерес во медиумите:  Зошто телевизиите и порталите кои објавуваат вести со видео содржини не обезбедуваат толкувања на знаковен јазик, барем на клучните содржини?


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана одМетаморфозис. Анализата e овозможенaсo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

„Те сакам“ на знаковен јазик, фото: BertHeymans, 2009

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска