Кај турски државјанин на ГП „Табановце“ пронајдени непријавени 31 000 евра

Од:

Непријавени 31 000 евра се пронајдени вчера при преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки на граничниот премин „Табановце“.

Како што информира МВР, преглед на возилото управувано од Ј.О. (60) од Република Турција, извршиле полициски службеници од Полициска станица Табановце. При прегледот тие ги пронашле и одзеле парите.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Царината одзеде товарно возило и стока во вредност од 92.635 евра

Богоев заплени 300 филери за усни на преминот Деве Баир

Орце Костов

Царина заплени 92 милиони долари вредни обврзници – ги шверцувал патник од Турција

Анита Петровска Рајковиќ

Царинска управа: Запленета голема количина тутун и цигари без акцизни маркички

Ана Ололовска

На Табановце спречен обид за криумчарење на 30 килограми тутун за наргиле

Ана Ололовска

Компири и друга шверцувана стока од Македонија запленети кај преминот Горица-Стење

Ана Ололовска