Царинска управа: Запленета голема количина тутун и цигари без акцизни маркички

Од:

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски цигари.

– Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на акциза во износ од 600 илјади денари, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Оттаму посочуваат дека во заедничката акција, спроведена со цел откривање на производи без платена акциза, при контрола на неколку локации во Тетово, кај две правни и девет физички лица беа пронајдени сецкан тутун за пушење, тутун за наргиле, цигари и електронски цигари без акцизни маркички.

-Стоката е привремено одземена, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он