Кај скопјанец се пронајдени пиштоли и 643 куршуми

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

„При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција – три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје. Јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“