На тројца Унгарци кои престојувале во Охрид од завчера им се губи секаква трага. Засега е пронајдено нивното возило кај Градиште во близина Охрид, но тие не се пронајдени.
Од СВР-Охрид информираат дека полициски екипи со пловни објекти и на самиот брег од синоќа почнале потрага,но засега ништо не укажува дека се случила некоја трагедија.
Во овој момент во подрачјето на Градиште се упатила со брод уште една полициска екипа која ќе врши детален преглед на Езерото.
Има претпоставка дека Унгарците залутале на албанскиот дел од езерската граница,бидејќи со себе носеле чамци,но до овој момент нема потврда за тоа.
Интензивната потрага продолжува.