Каевски: Државноста е изградена на антифашистичката борба, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја ретушира историјата

Од:

Република Северна Македонија е изградена на темелите на антифашистичката борба и таа е дел од нашиот идентитет со којшто се гордееме. Денес ние сме суверена, независна држава со исполнета стратешка цел членство во НАТО и исполнети критериуми за членство во Европската унија. Разговорите со Бугарија мора да се водат достоинствено и во духот на европските вредности рече на прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

– За жал со последната посета на делегацијата од Република Бугарија се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата. Оттука, разбирлив е гневот на граѓаните во последните денови. Но истовремено, не е разбирливо лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Токму оваа партија за време на 11 годишниот режим поставуваше восочни фигури и се обидуваше да го рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ. Затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус