Кацарска за „27 април“: Не постои политичар кој може да ми каже каква пресуда да донесам, а осудените не се уставобранители

Од:

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар, ниту пак да и се јави за да и каже како да одлучи за некој предмет. Коментирајќи ги критиките од ВМРО-ДПМНЕ дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, Кацарска вели дека тие не допираат до неа бидејќи се невистини, но допираат до нејзините мајка и ќерка.

„Критика која не е заснована на факти, не допира до мене. Зарем по 34 години судиски стаж, некој може да оспорува мој избор во Уставниот суд? Имаше од кого да учам. Критиката од опозицијата е секојдневна. Жалам што тоа допира до мојата ќерка и мајка ми, до мене не. Се додека чесно ја вршам мојата работа, до мене тоа не допира. Во поглед за предметот 27 април, криво ми е што се изнесуваат такви невистини. Не може да станува збор за уставобранители, луѓе кои влегле насилно во Собрание, кои поставиле експлозивна направа, кои тепале пратеници, новинари, полицајци. Жалам што не се направи план за тоа судење да оди во живо, постојано. Два месеци, по 10 часа во судница гледавме снимки од кои се згрозуваме. Политиката на мене не може да влијае. Ви ветувам дека ниту еден политичар, никогаш, не може да влијае врз мене“, рече Кацарска.

Коментирајќи за изборот на нови уставни судии, таа рече дека се надева оти ќе се изберат професионални и чесни судии.

„Не постои политичар кој можеме мене да ми се јави и да ми каже како да одлучам по некој предмет. Кои судии ќе ги изберат политичарите, тоа можете да разговарате со претставниците на политичките партии. Се надевам дека ќе изберат професионалци и чесни судии. Се надевам ќе имаат сенс за тоа кого ќе предложат и изберат за судии во Уставниот суд“, додаде Кацарска.

Таа смета дека Уставниот суд е затворена институција и дека ќе работи на тоа новинарите да имаат пристап до сите информации. Кацарска рече дека веднаш им кажала на службите дека новинарите, за разлика од порано, да бидат пуштани во просториите со мобилни телефони.

„Јас бев изненадена кога дознав дека вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони. Од наредната седница ќе влегувате слободно со мобилни телефони. Барав да ми се даде одлука заклучок за ова од судиите, но ми кажаа дека нема ништо такво. Кажаа само дека било кажано од таа и таа дата новинарите да не влегуваат со телефони. Новинарите ми кажаа дека не можете да знаете за кој предмет станува збор, се што е спорно ќе се средува. Судот максимално ќе се отвори за јавноста. Ќе има многу новини во Уставниот суд. Се она што е според закон, мора да го спроведуваме. Јас прва го отворив Кривичниот суд во 2005 година. Кога дојдов во Уставниот суд, не ми беше јасно тоа што е целосно затворен. Сакам максимално да го отворам судот, тука нема да има никакви проблеми“, рече Кацарска.

Би можело да ве интересира

Управен суд: Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Уставен суд: Укинат е членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

Засега нема правно правило по кои услови независните кандидати на изборите, вели Костадиновски

Сиљановска-Давкова: Не може да остане во Уставниот суд личност која што е избрана на неуставен и незаконски начин

Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на нов уставен судија

Горан Наумовски