А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кацарска не отстапува, се уште одбива да одлучува за амнестијата

by А1он27/12/2018 - 13:29245
Share0

Судијката Добрила Кацарска не отстапува од ставот дека единствено надлежен да одлучува за спроведување на Законот за амнестија во предметот за 27 април е кривичниот совет на Основниот суд, Скопје 1. За „Макфакс“, Кацарска рече дека останува на нејзиниот став и по цена на разрешување „Јас не сум надлежна да одлучувам и кажав: По цена на разрешување останувам на својот став, затоа што тврдам дека сум во право“, рече судијката Кацарска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Таа вели дека само ако добие одлука од повисок суд, тогаш ќе одлучува за амнестијата. Рече дека не бега од работа и дека пред неколку денови до полноќ била во судот и ги пуштила сите писмени дописи навреме до кривичниот совет. Судијката ја уверува јавноста дека ако треба да одлучува и празниците ќе ги дочека во канцеларијата.

„Ако добијам официјална одлука со задолжение јас прво ќе треба да предизвикам судир зашто нема да се согласам со одлуката. Ќе ја терам постапката и натаму. Ако од повисок суд добијам одлука дека треба токму јас да одлучувам, во тој случај и само во тој случај ќе одлучувам на таков начин што и в сабота и в недела и за Нова година, за 31 декември, 1 јануари ќе работам. Ако дефинитивно добијам одлука од повисок суд, нека не се сомнева јавноста дека и Нова година ќе ја чекам во канцеларија“, рече Кацарска.

Судијката потенцира дека во предметот со хашките случаи, кој го спомна на брифингот претседателот на судот, Иван Џолев, точно е дека судијата Горан Бошевски е тој кој одлучил за амнестијата, но тоа се случило откако претходно обвинителот го повлекол обвинението, што е различна ситуација од постојната. Ако обвинителката Вилма Рускоска се откаже од гонење на обвинетите, таа рече дека тогаш таа тоа ќе го почитува.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Во петокот во 2 часот ги примив првите 5 барања. За да се добие во време, во рок од 5 минути ги пратив барањата во кривичниот совет. Цел викенд не ми беа вратени. Дури во понеделникот во 14.50 ми ги дадоа тие барања, на половина час пред работното време“.

Кацарска вели дека жали што обвинетите се доведени во ваква ситуација: „Дали Законот е исправен или не, ние сме должни да ги почитуваме законите и не смееме да ги кршиме правата на обвинетите лица кои им се загарантирани со закон“.

Според најновите информации, барањата за амнестија се испратени на мислење до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски за „Макфакс“ потврди дека за надлежноста за одлучување по барања за амнестија постои предмет во највисокиот суд.

„Заведен е предмет по тој основ и е пратен на мислење до ЈОРМ и до овој момент не е вратен“, вели Вангеловски.

Васко Маглешов

27 aprilamnestija

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто