Кацарска и Ѓорчев се шегуваа откако пратеникот инсистираше во записникот да се впише дека е од Република Македонија

Од:

На предлог на адвокатот на разузнавачот Мунир Пепиќ, Еленко Миланов, попладнево со распит на пратеникот Влатко Ѓорчев во судницата на кривичниот суд, продолжи судското рочиште за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Кога Ѓорчев застана на пултот да сведочи, судијката Добрила Кацарска го праша на која адреса живее, за да ги внесат податоците во записникот, зашто пратеникот дал возачка дозвола.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека живее на улица во Скопје, во Република Македонија. Кацарска со насмевка го праша Ѓорчев: „Па има ли друга држава со град Скопје?“ Тој се насмеа и рече дека инсистира да се напише Република Македонија, барем уште малку време. „Ја кажавте Република Македонија, аман“, му кажа на шега Кацарска на пратеникот, по што присутните во салата се насмеаја.

Судијката на шега му рече да внимава што говори за да не се вжешти атмосферата и да се повтори 27 април. „Ако се повтори пак ќе спасуваме“, рече Ѓорчев. „Кога ќе почнете да спасувате?“, му рече со насмевка судијката.

Ѓорчев во сведочењето за крвавиот четврток рече дека не го познавал Мунир Пепиќ, но го запознал на 27 април како човек кој се обидувал да помогне.

Судењето е во фаза на доказна постапка со одбраната на обвинетите и нивните докази.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост