Кацарска до Талески: Не сте во судница за „Жабени“ и наградите на Општината

Од:

Судијката Добрила Кацарска го прекина обвинетиот ексградоначалник на Битола во предметот „Транспортер“ Владимир Талески, кој 15 минути говореше во распитот пред судот за наградите и успесите на општината.

Талевски рече дека по завршување на мандатот се вратил да работи во Народниот театар во Битола. Тој кажа дека Општината и тој добиле двоцифрена бројка на награди и призанија за успесите на тимот со кој тој раководел.

„Тука беше и индустриската зона Жабени, во која инвестираше “Кромберг Шуберт”, која вработи 6.000 луѓе…”, рече Талески.

Сусијката го прекина и рече да се држи до она за што е обвинет, а тоа е предметот со злоупотребата на положбата за исплата на двојно поскап превоз за ученици.

„Индустриската зона Жабени не е предмет на обвинението и дали Општината била наградувана. Судот има трпение, но држете се до она за кое сме овде…”, рече судијката.

Талески и неговиот адвокат Димитар Дангов, потоа се насочија на прашања и одговори кои се однесуваат на работата на Оппштината во делот на надлежностите.

Талески рече дека за овој случај имало кривични пријави уште додека бил градоначалник за овој предмет и тоа од, како што рече, спротивната политичка партија.

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злуопотреби на буџетот со превозот на уленици во Битола.

Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои наплаќале двојно повисока цена за превозот.

Би можело да ве интересира

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска

Ристоска на последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови

Ана Ололовска

Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Кристијан Ландов