Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков?

Од:

Судијката Добрила Кацарска која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, го запраша сведокот какви наредби издавал Чавков на 27 април по телефон во „Технометал Вардар“, а потоа и во оперативниот штаб на МВР. На ова Димитриевски рече дека воопшто не се сеќава.

По ваквиот одговор на Димитриевски, судијката Кацарска го запраша сведокот како може еден професионалец со искуство да не се сеќава на наредба и команда од директорот.

– Како може да сте професионалец и долгогодишен вработен во МВР, а да не се сетите на ниту една команда?, запраша Кацарска на што Димитриевски одговори дека тоа е така бидејќи поминал поголем временски период од настанот.

За време на сведочењето, Димитриевски во ниту еден момент не кажа конкретно што наредувал Чавков, туку само дека разговорите биле поврзани со настаните во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници