Кабинетот на Иванов реагира на изјавата на министерот Нухиу: Постои опсесија со лажни вести да се изврши делегитимирање на институциите

Од:

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија го повика министерот за внатрешни работи на Република Македонија Агим Нухиу да ги појасни податоците и информациите искажани на ден 11.05.2017 година во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат-М Телевизија, за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена (член 124 од Уставот на Република Македонија) или вонредна состојба (член 125 од Уставот на Република Македонија) од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и употреба на Армијата на Република Македонија поврзани со насилниот влез во Собранието на Република Македонија на ден 27.04.2017.

– Кабинетот на Претседателот на Република Македонија смета дека во јавноста постои опсесија со лажни вести да се изврши делегитимирање на институциите, односно на Претседателот на Република Македонија“, се вели во реакцијата.

Во интервјуто за емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат-М, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, повикувајќи се на гласини, посочи на наводен план за употреба на Армијата за време на случувањата во Собранието на 27 април.

– Има гласини што се уште не можам да ги потврдам дека полицајците се повлекле во вршењето на законските обврски, затоа што слушале од други дека треба да чекаат уште малку за да може потоа и Претседателот на државата да дава наредба за излегување на војската, да се прогласи вонредна состојба и така натаму, но овие се прашања кои ги има во рамките на службите во МВР, но не сакам да потврдам такво нешто затоа што се уште ги немаме аргументирано, изјави министерот Нухиу во интервјуто за емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари