А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јункер ја потврди европската иднина на Македонија, побара посветеност на реформите

by А1он26/02/2018 - 08:46199
Share0

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, придружуван од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја одбраа токму Македонија како прва дестинација во рамки на нивната турнеја низ земјите од Западен Балкан во рамките на која ја презентираат Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од регионот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Донесоа порака за потврда на европската иднина на Македонија, за реалните можности земјата да добие препорака за членство оваа година, но секако доколку продолжи да чекори по патот на кој се наоѓа во моментов, интензивно спроведување на реформите и подобрување на добрососедските односи.

Јункер на заедничката прес-конференција со Заев истакна дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат, постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да го добие очекуваното и препораката нема да биде условена.

– Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување, рече Јункер.

Следете a1on на Youtube YouTube

На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели. Гледа напредок во процесот, а како доказ за тоа му биле измените на аеродромот, по одлуката да Владата тој да биде преименуван, како знак на отстапка во процесот на преговорите.

Премиерот уште еднаш повтори дека Владата прифаќа географска одредница, но и достоинствено решение, а исто така останува посветена и на подобрување на добрососедските односи генерално.

– Инсистираме на решение, кое ќе биде трајно, но и ќе го почитува достоинството и ќе го заштити идентитетот на двете држави, рече Заев.

Изрази силно уверување дека во јуни 2018 година Советот ќе донесе одлука за почеток на преговорите.

По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан имаа средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Од Македонија тие заминаа за Албанија. До 1 март ќе ги посетат сите шест земји од Западен Балкан.

eujunker

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 22:35

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:08

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео