Јовески со себе ги носеше дописите од Јанева, но не доби збор-што пишува во нив?

Од:

Државниот обвинител Љубомир Јовески, веднаш по вчерашната расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ни изјави дека откако ќе ги сослуша забелешките на дел од експертите и пратениците ќе побара збор и ќе одговори на нив.

За денеска планирал да ги покаже дописите на Јанева како одговор на вчерашната провокација со транспарентот на Антонио Милошоски и уште двајца пратеници од опозицијата со кој бараа да ги покаже дописите од Јанева со кои таа го овластува да ги преземе предметите од СЈО.

Но, како што дознаваме било договорено да нема реплики во текот на Јавната расправа за Законот за јавно обвинителство, која два дена се водеше во Комисијата.

Државниот јавен обвинител Љупчо Јовески за А1он изјави дека станува збор за трите дописи што Катица Јанева ги доставила до Јавното обвинителство а во врска со предметите и истрагите што се водат во СЈО.

Првото писмо е дека во однос на истрагите и предистрагите за предметите на СЈО овластени се обвинителствата во ЈО.

Второто писмо е допис од Катица Јанева од 3 септември 2019 година дека го овластува Специјалното Јавно обвинителство да ги предаде сите овие предмети во рацете на Јавното обвинителство.

Третото писмо е дека СЈО е согласно ЈО да ги преземе сите истраги што ги води ова обвинителство.

-Дописите сакав да ги доставам бидејќи континуирано бев повикуван од опозициската партија. Процесот на преземање на предметите од СЈО беше најтранспарентен, а за истото сведочат и сите изјави и соопштенија, и од страна на СЈО и од Јавното обвинителство, вели за А1он, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Би можело да ве интересира

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Горан Наумовски

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески