Јовановска: Левица бара вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

Од:

Скопје повторно се гуши во ПМ честички. Секоја година, особено во зимскиот период Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави и празни ветувања, властите не превземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем, истакна Катерина Јовановска, координаторка на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, на прес конференција на која соопшти и дека поднеле Барање за вонреден инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ.

Според неа иако проблемот со загадувањето во Скопје е повеќедецениски, ниту една од партиите кои се менуваа на власт, не направиле речиси ништо за намалување на загадувањето, ниту пак понудиле трајно решение.

Од Левица јавно прашуваат „до кога профитот ќе биде пред здравјето на граѓаните и додаваат дека здравјето на граѓаните нема цена.

Како што посочи Јовановска, советничката група на Левица освен барањето за вонреден инспекциски надзор во УСЈЕ доставиле и низа амандмани на Буџетот на Град Скопје за следната година, со конкретни мерки за намалување на загадувањето.

„Поднесовме амандмани за набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот, субвенции за прочистувачи на воздухот за жителите на Скопје, субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаците… Дел од овие амандмани ги поднесе и минатата година, но ниту еден од нив не доби подршка од советниците на ДПМНЕ и СДС“, истакна Јовановска.

Левица ќе даде и поддршка на најавениот протест во четврток, против Цементарница УСЈЕ, и се надеваат на масовно присуство на скопјани на овој протест затоа што, како што рече Јовановска „сепак за здравјето се работи“.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он