Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

Од:

Кандидатот за градоначалник за Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов денеска реагираше за текот на кампањата од страна на неговите политички противници.

– Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници. На средина од кампањата за Локалните избори 2025, наместо да сум во „ринг” со опоненти за промоција на идни проекти и визија за напредок на Штип, без идејната опозиција, во недостаток на проекти има само една цел – со пласирање на лаги, невистини, клевети и измислици да го свртат вниманието и да го ублажат убедливиот пораз, напиша на Фејсбук Јорданов.

Тој посочува дека Штип веќе четири години е во позитивна кампања, која е насочена кон незапирлив развој и интензивна градба.

-Од друга страна, опозицијата за време на кампањата од 20 дена наместо да промовира проекти, се служат со измислици и невистини, со цел да ја скријат црната дамка од нивното минато, а и затоа што немат што друго да понудат. Затоа, не потпаѓајте под манипулативната девиза дека “сите се исти”, порача Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО ДПМНЕ, Јорданов вели дека не се сите исти, а како што вели „секој од вас го знае тоа“.

-Јас верувам во вас, моите сограѓани, верувам во вашата мудрост и знам дека ја препознавате вистината и искреноста во нашата работа и на денот на изборите ќе го искористите вашето загарантирано право да донесете правилна одлука за вас и за нашиот Штип, подвлече Јорданов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме