ЈО: Определена мерка на претпазливост за лице поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје

Од:

Јавното обвинителство по извршените претреси од страна на МВР во Грчец, Општина Арачиново и на други локации во Скопје врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка на 7 декември, соопшти дека постапувало по поднесена кривична пријава против едно лице осомничено за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од чл. 396 ст. 1 од Кривичниот законик.

Против ова лице на 7 декември Основното јавно обвинителство – Скопје, како што се посочува во соопштението, донесе наредба за спроведување истражна постапка и побара од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје изрекување мерка притвор .

Со решение на судијата на претходна постапка на лицето му беа определени мерки на претпазливост, а Основното јавно обвинителство – Скопје вложи жалба на ова решение.

Во однос на другите лица лишени од слобода при извршените претреси, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР – Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, се додава во соопштението.

Обвинителството, како орган на прогон, по евентуално дополнително поднесени кривични пријави, поткрепени со докази обезбедени на законит начин, како што се наведува, ќе постапи согласно своите законски надлежности.

Притоа, за секое пријавено лице, јавен обвинител ќе одлучи дали се исполнети законските услови да предложи мерка притвор, куќен притвор, мерки на претпазливост или други мерки за обезбедување присуство во текот на кривичната постапка, се истакнува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он