Јеремиќ од Њујорк: Заев е ѕвезда во ОН

Од:

Вук Јеремиќ, поранешен претседател на генералното Собрание на Обединетите нации, рече дека од балканските лидери само македонскиот премиер, Зоран Заев, им бил интересен на светските лидери и на некој начин бил ѕвезда на Генералното собранието на Обединетите нации.

Јеремиќ ова го изјави во директно вклучување од Њујорк на телевизијата Н1.

Тој посочи дека во Њујорк цело време се чувствувале позитивни вибрации кон Македонија.

“Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес за Македонија и решавање на проблемите со Грција, како и за перспективите на таа земја и регионот, изјави Јеремиќ.

Според него, „косовската делегација била поактивна од српската, бидејќи остварила најмалку 25 средби и се претпоставува дека лобирала за независност и членство во УНЕСКО“.

“Се плашам дека приштинската страна била многу поактивна. Имав состаноци со триесетина министри за надворешни работи, шефови на држави и влади, а само еден или двајца од нив не се сретнале со косовската делегација. Доколку Србија немала средби на некое друго место, надвор од зградата на ОН, тогаш сметам дека овој пат тие вложиле многу повеќе енергија од нас£, истакна Јеремиќ во интервју за N1.

Коментирајќи го повикот кој српскиот претседател Александар Вучиќ му го упатил на американскиот колега Доналд Трамп за да ја посети Србија, Јеремиќ нагласи дека е подготвен за голем облог дека тоа нема да се случи.

“Би сакал да не сум во право, бидејќи добро е претседателот на САД да ја посети Србија, но сум многу резервиран, одговори поранешниот шеф на српската дипломатија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?