Јавното обвинителство бара да му се одземе пасошот на Заев наместо да се јавува во суд

Од:

По втор пат денеска беше одложен почетокот на судскиот процес по предметот „Пуч“ затоа што претседателот на СДСМ, Зоран Заев не се појави во судот.

Претседателката на судскиот совет образложи дека не се исполнети условите за одржување на расправата и дека од Јавното обвинителство бил доставен предлог да му се укине мерката за претпазливост на Заев и да му се определи мерка привремено одземање на пасошот.

Обвинителот задолжен за предметот немаше додатен коментар за овој предлог, по што останува на Кривичниот суд да донесе одлука.

„Заев има добиено достава дека примил покана за денес, но од Јавното обвинителство денес е доставен предлог за укинување на мерката за претпазливост, даден предлог да му се одземе патната исправа. Поради тој предлог го одлагам рочиштето“, рече судијката.

Почетокот на процесот е презакажан за 5-ти октомври.

Доколку Кривичниот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство, ќе му се поништи обврската на Заев, еднаш неделно да се јавува кај службено лице или кај надлежен орган и наместо тоа ќе се оневозможи да излегува од државата.

Маја Васева

 

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев