Јавната свест за заштита на животната средина треба постојано да се покрева. Центарот за климатски промени предлага мерки за вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки во областа на животната средина.
Ова денеска го изјави Бојана Станоевска Пецуровска претседател на здружението на граѓани „Центар за климатски промени Гевгелија“, на завршната конференција на проектот за вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки од областа на животната средина.
Таа истакна дека проектот се спроведувал во соработка со шест општини – Ресен, Струмица, Карпош, Аеродром, Македонски Брод, Македонска Каменица.