Јавниот долг – Добар слуга, лош Господар

Од:

Во водењето на современата економска политика многу е битно да се посвети особено внимание на јавниот долг.

Треба веднаш да се истакне дека освен за финансирање на буџетскиот дефицит, јавен долг треба да претставува инструмент на екомомска политика кој има своја фискална и монетарна функција и како таков има одредено влиание на стопански развој. Фискална функција на јавен долг е финансирање на буѓетски дефицит, додека монетарна улога зависи од начинот на задолжување, дали е во домашна или странска валута, дали е во финансиски или вонфинансиски сектор, и истиот влиае на монетасрно-кредитна маса во земјата, на количината на парите во оптек и на крај на вредност на националната валута.

Република Македонија како транзициона држава е сосема нормално да се судри со буџетски дефицит а потреба за побрз развој и излез од криза да ја бара во внатрешно и надворешно задолжување, односно, да создаде јавен долг. И сето тоа би било нормално ако истиот биде усмерен кон зголемување на економски раст и вработеноста, како предуслов за пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, како една од стратешките цели на Владата.

Но што всушност се случува на тоа поле во последните години од контуитетот на владеењето на Владата на ДПМНЕ и коалиционите партнери. Според званичните показатели од Министерството за финансии заклучно со март 2013 година, може да се види дека структурата на надворешниот долг изнесува 61,9% а на внатрешниот долг изнесува 38,1% од вкупната задолженост на Република Македонија ,која изнесува 2.703.200.000 евра.

Во услови кога вкупен БДП изнесува 7.978.000.000 евра се гледа дека вкупен долг во однос на БДП е 33,9%. во споредба со 2007 година кога вкупен долг во однос на БДП изнесувал 24 %. Секако дека сме се уште далеку од дозволената критичната граница на задолжување која е 60 % од БДП, но онаа што бара позорност е темпо на задолжување во последните 6-7 години, структура на трошење на задолжените сретства и транспаретноста како на задолжувањето така и на начинот на трошењето.

Буџетскиот дефицит пополнет со јавен долг кој ќе се потроши на капитални инвестиции, ама продуктивни, кои во иднина ќе допринесат за поголем развој и раст на економијата се оправдани и за држава исплативи задолжувања, зошто по завршениот циклус сами себе се отплатуваат. Такви инвестиции се во патната и железничката инфраструктура, во нафтоводи и гасоводи, во пловни канали, во хидроакумулации и електрични централи кои користат обновливи ресурси ( ветер, сончева енергија хидроенергија ), и многу други продуктивни проекти.

Позајмените пари потрошени во непродуктивни капиални проекти, имаат негативно дејство на долг рок, не продуцираат нови вредности а бараат дополнителни сретства за одржување.

Темпото на задолжување кое рапидно расте од година во година, во услови на константно потфрлување на планираниот економски раст, нетранспарентноста на трошењето на позајмените пари, не води кон стагнација ,безперспективност, сиромаштво и пропаст.

Дали едно семејство кое е лимитирано со приходи, кога прави распределба на семеен буџет прво купува уметнички слики, оди на опера и прави украсна фасада, а потоа од тоа што ќе им остане, ако им остане, го распределува за јадење, облекување, греење или ладење, лична хигиена и останато за нормален живот. Дали оваа Влада, која себа сака да се прикаже за домаќинска, смета дека парите собрани од граѓаните се ‘‘туѓи пари‘‘ со кои тие можат непречено да располагаат, без притоа некому да одговараат. Недомаќинско трошење на буџетските пари, а посебно на оние кои потекнуваат од задолжување – јавен долг, независно дали е домашен или странски, може да не одведат до многу несакани сценариа како што се внатрешна економска и политичка криза, до банкрот на државата и доведување во ситуација доверителите да треба да си го наплатуваат својот долг со ‘‘присила‘‘.

Разумна, рационална и пред се домаќинска Влада се задолжува, и истите пари ги инвестира во продуктивни цели, ги задоволува потребите на граѓаните и ги премостува финансиските проблеми, но во исто време сосдава база за непречено враќање на позајмените сретства на доверители, а за држава создава висок кредитен рејтинг.

Да се задолжиш дома или во странство и со тие пари да исплатиш пензии, ако во тоа има вистина, длабоко сме загазиле кон пропаст сите заедно?

Послушајте ја науката, таа никогаш не греши. Не се водете од личните и партиските интереси. Успесите на краток рок можат да бидат катастрофална последица за идните генерации, кои тој наш денешен дефицит изразен во јавен долг ќе дојде време да го враќаат идните генерации.

Не се скривајте зад законитост, која сами си ја носите и креирате. Да не им ставаме терет на уште неродени генерации. Иднината благо речено зависи од нашите сегашни активности, па затоа истите нека бидат разумни, оправдани и перспективни. Јавниот долг може да биде не добар, одличен ‘‘слуга‘‘, но не дозволете да се претвори во лош ‘‘господар‘‘.

Мирослав Трлин, член на ЦО на НСДП

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска