Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.
На јавната расправа ќе се обратат министерот Дамјан Манчевски, државниот секретар Јахи Јахија, советникот за администрација Билјана Жагар Николовска и директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров.