Јавна опомена за пратениците кои учествуваа во тепачката во Собранието

Од:

Jавна опомена за пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во вчерашниот инцидент на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, е донесена денеска на ад-хок кооринацијата кај претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски.

Оваа мерка во врска со физичката пресметка меѓу пратеници од ДУИ и ДПА, како што соопшти Вељаноски на почетокот на 12. пленарна седница, е донесена врз основа на член 43 став 4 од Законот за Собрание.

– Како пратеник, како претседател на Собранието на Република Македонија, а пред се како човек не можам да го прифатам насилството како начин за решавање на политичките или програмските расправи. Мислам дека само со заемно почитување и толеранција можеме да создадеме многу повисока политичка култура која ќе се темели врз принципите на демократијата дефинирана со онаа позната мисла на Волтер, рече Вељаноски.

Тој апелира до пратениците дека само преку почитување на културата на дијалог и моќта на аргументите може најдобро и најефикасно да се артикулираат интересите и потребите на избирачите кои им го доделиле мандатот.

На денешната собраниска седница не присуствуваат пратениците на ДПА, кои по инцидентот соопштија дека се повлекуваат од работата на Собранието.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата