Јавна дисусија за реформите во медиумскиот сектор

Од:

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе се одржи јавна дискусија за реформите во медиумскиот сектор.

Целта на дискусијата, како што информираат од МИОА, е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.

Воведни излагања на дискусијата ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Предлог законските измени ќе бидат сублимат на потребите и стручните ставови на медиумските експерти, новинарите, медиумските асоцијации, граѓанското општество и меѓународната заедница.

Освен претставници на медиумски здруженија и асоцијации, како и институции, јавната дискусија ќе биде отворена и за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март