Јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

Од 63 прекршочни постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги покренала врз основа на предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување за изборниот процес во декември лани, со 43 е побарано Судот да изрече опомени, а за 20 да изрече глоба.

Резултатите од поведените прекршочни постапки согласно Изборниот законик за Предвремените парламентарни избори во 2016 година, беа претставени на денешниот јавен состанок на ААВМУ.

Според поведените постапки, радиодифузерите најчесто не го прекршувале Изборниот законик со необезбедување покривање на изборите на правичен, избалансиран и непристрасен начин, за што се регистрирани осум случаи, по што со пет случаи следат прекршоците со надминување на лимитите за рекламирање. Четири случаи, пак, се евидентирени за известување за редовните активности на државните органи кое било во функција на медиумско претставување на одреден политички субјект.

Од поведените 63 прекршочни постапки 17 се за ТВ Нова, седум за ТВ Сител, за ТВ Алфа шест, за Алсат М, МРТ прв програмски сервис, 24 Вести и ТВ Шења по три,…, наведе во презентацијата Ивона Муфишова Алексовска, раководител на одделението за нормативно-правни работи.

За 18 од 20-те постапки со кои Агенцијата побарала изрекување глоба основните судови во прв степен донеле одлуки со кои ги отфрлиле барањата за поведување на прекршочната постапка поради ненавременост. Сите решенија Агенцијата ги обжалила до второстепениот суд, но се уште нема одлуки. Две од постапките со кои се бара глоба, како што рече Алексовска, се уште се во тек и за нив Агенцијата не добила ниту покана, ниту одлука од првостепениот суд.

Од поведените 43 постапки што се однесуваат на прекршоци сторени првпат, а со кои се бара изрекување опомена, досега се донесени 26 првостепени одлуки од кои за 21 Судот изрекол опомени, а за четири го отфрлил барањето за поведување прекршочна постапка. Еден случај е вратен кај АВМУ за порамнување. За пет од решенијата Агенцијата доставила соодветни жалби до второстепениот суд од кои за два се потврдени одлуките од првостепениот суд, а за три случаи постапките се во тек. Во тек се уште 17 постапки со барање за изрекување опомени.

Еден ден е најкраткиот рок во кој судовите постапувале по барањата на АВМУ, а најдолгиот рок кога им било одговорено е 104 дена. Низ целиот период, како што рече Алексовска, имало различно толкување на прописите од страна на првостепените судови.

На јавниот состанок на АВМУ беа претставени и ставовите на регулаторното тело за потребите за измени на Изборниот законик. – По неколку измени на одредбите за избор на медиумско претставување, а врз основа на искуството од мониторингот и со сите други активности поврзани со мониторингот, Агенцијата лоцира слабости и недоречености во некоку сегменти од Изборниот законик, рече Емилија Јаневска, раководител на Секторот за програмски работи при АВМУ.

Потребни се измени во деловите од Изборниот законик коишто се однесуваат на мониторинг на интернет портали, правила за правична избалансирано и непристрасно известување,бесплатно претставување на собранискиот канал, платено политичко рекламирање, обврски за известување на ДИК, казнени одредби и рокови за постапување.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски