Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Од:

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.Со години во време на СДС Онкологија набавувала лекови на реверс од др. ПАНОВСКИ, за потоа да ги враќа истите откако ќе им намести и даде тендер, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Со години омилената веледрогерија на Филипче и СДС направија маѓепсан круг од кој тешко се излегува, а штета имаа пациентите и буџетот. Сега кога владата на ВМРО-ДПМНЕ реши да стави крај на таквата практика која креира загуби за системот, и СДС и нивната омилена веледрогерија со сите сили напаѓаа во надеж дека ќе си продолжат како до сега. Нема веќе како до сега, ниту ќе постојат реверси, ниту ќе постојат екстра профити на мафијата на смртта. ФЗОМ го решава проблемот кој го остави СДС за профит на поединци. ЈО да не биде нем набљудувач на состојбите, туку да го истражи случајот до крај, рече Јаревски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус