ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изнесе тврдења дека, според документи кои, како што рече, ги добиле од укажувачи, во Болницата за белодробни заболувања во Лешок бил регистриран примерок од вода за пиење што не ги исполнувал здравствените стандарди.

Филипче покажа, како што наведе, извештај од Центарот за јавно здравје за испитување на примерок земен во болницата, со датум на завршување на анализата 13 мај. Според неговите наводи, во примерокот биле утврдени 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода, поради што во извештајот било наведено дека водата не соодветствува на квалитетот потребен за пиење.

„Извештајот за тестирање на безбедноста на водата е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51… И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење“, изјави Филипче.

Тој оцени дека надлежните институции не реагирале соодветно и побара итен вонреден надзор.

СДСМ бара да се спроведат вонредни анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно да се објават резултатите од физичките, хемиските и микробиолошките анализи на водата, како и податоците за хлорирањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски