Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власт тврди дека е реално

Од:

24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврди дека може да се набават молк од ЈО вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 илјади евра, за кои самите велат дека може да се купат за 2 до 3 илјади евра. Функционерите на власта, во конкретниов случај директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра. Доколку тврдењето на СДС дека истите машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба. Недозволиво е институциите да молчат кога и самата СДС тврди дека машини за бележење на пат какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2 до 3 илјади, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски