Јапонски експерти ќе помагаат во собирање и истражување податоци за управување со водите на Охридското Езеро

Од:

Министерот Насер Нуредини со стручен тим на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска одржал работна средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (JICA) предводен од Акира Такечи на која разговарале за реализација на планираниот проект „Собирање и истражување податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Северна Македонија” за што била понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област.

– Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е и меѓународно признато, реализацијата на овој проект е оценета како исклучитечно значајна. Проектот всушност значи ажурирање и надградување на податоците што се содржани во „Физибилитистудијата за подобрување на работата на колекторскиот систем на Охриското Езеро“ изработена во 2015 година, согласно новонастанатите промени на терен, соопшти МЖСПП.

Министерот Нуредини нагласил дека следна фаза би била изнаоѓање решенија за финансирање на колекторскиот систем и обезедување негова непречена работа, со што ќе се обезбеди максимална заштита на езерските води, а со тоа и зачувување на природните вредности и здравјето на луѓето и живиот свет околу и во езерото.

– Проектот претставува директно остварување на националните таргети, но и реализација на препораките на Комисијата на УНЕСКО, наведува Министерството во соопштението.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари