ЈАНЗА

Од:

Една јанза ме јаде во последно време и не ми дава спокој. Го губам сонот. До кога бе народе Македонски (oвде мислам на сите. И на Шиптари и на Цигани и на Турци и на Срби и на Власи и на остало пучанство што би рекол Боки Бургија), до кога вака? До кога ќе важи и ќе ни биде мото во нашиот живот СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА? До кога?

Ја затворија А1. Народот се дигна, се направи ука бука. Од страв дојдоа специјалци (или пожарникари според еден лигуш), кршеа врати. А ние изедовме малку ќотек и толку. После неколу дена го сменивме каналот во 19 часот да гледаме вести, ама не ти биле исти како на А1.

Го затворија Рамковски ( како а1), отидовме пред Шутка, се деревме, галамевме полни со надеж дека А1 повторно ќе успееме да ја ревитализираме, ама ништо.

Го затворија Љубета Бошковски за примање на пари за изборна кампања после изборите! Бевме згрозени, се демонстрираше пред суд и што? Нормално ништо. Ене ги и Велија и Љубе чмаат во затвор.

Го затворија Кежаровски за текст што го напишал пред пет години и споменал некого кој не бил тогаш заштитен сведок и што? Бевме пред Шутка, јадевме г…а, ни се заканија дека непријавено сме протестирале, ни се закануваа со притвор и што? Нормално ништо.Всушност не е ништо, му го продолжија притворот на Кежаровски.

Ни се случи 24.12. Бевме револтирани, бевме гневни. *Цели* 3.000 луѓе отидоа пред Собрание. Еееееееј 3.000 бранители на Демократијата. Пак фрчеа пендреци. Го удрија дури и предходниот Председател на Државата. Нонсенс. И што? Нормално ништо! Не е ништо. Ги викнавме странците да им плачеме на рамо малку и да се просераваме како некој ја ништи Демократијата. Некој! А име и презиме бе драги мои, а? Почнавме да си играме една многу популарна игра кај нас ПУ, ПУ НЕ ВАЖИ.

Бранителите на Скопје јадеа ќотек на плоштад од *верниците*. Дојдоа и некои попови од Свирипичино и ни кажуваа дека е богохулие да се спречува да се гради црква таму кај што ја имало некогаш. Среќа наша што незнаат точно кај се наоѓала оти ќе го рушеа ГТЦ. Ама и нему му се намерачиjа. И што? Нормално ништо. Се собравме, се изгушкавме, го гушнавме ГТЦ, демек не го даваме.

Има уште многу работи да се редат, ама ај да не тупам.

СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА.

П.С А оние кои тепаа, ја исфрлаа Демократијата од Парламентот си стојат на страна , си јадат сендвичи, си ставаат по 500,00 денари в џеб и по потреба се ту * верници*, ту * уметници*, а бе за секоја употреба, исто како ПАЛОМА шамивче.

До кога бе Народеееееееее Македонски ќе бидеме МакедонЧЕ, до кога ќе чекаме некој си Филе да ни става фил на нашите лајненици, до коооооооогааааа?!

Марин Бабиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска