(ВИДЕО) Јанушев: На пратеници од ВМРО-ДПМНЕ им беа нудени милиони евра за да гласаат за уставните измени

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против неодговорната влада, рече генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев на прес-конференција.

Тој обвини дека структури на власта и нивните соработници вршеле силен притисок врз пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Собранието стана пазар и арена за уцени. Се апсат поради политички прогон и тргуваат со слободата. Ветуваат награди за послушните и ги заплашуваат семејствата на пратениците за да гласаат, вели Јанушев.

Како што кажа тој, на еден пратеник му биле понудени милион евра за да глас, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиони евра. Јанушев рече дека тие понуди биле одбиени и запраша дали и премиерот Заев учествувал во овие понуди.

– Свесни ли сте во каков амбис ја водите државата? Ова е преседенан. Не е ова за европска Македонија, ова е диктатура и насилие, рече Јанушев и додаде оти им оддава признание на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не потклекнале пред понудите.

Тој не сакаше да открие на кои пратеници им биле нудени сумите и остави тоа да го истражи обвинителството.

Јанушев изјави дека немал информации дали некои од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени и најави оти ќе присуствуваат на седницата, која што е закажана за 21 часот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт