(ВИДЕО) Јанкуловска: Немам сторено никакво кривично дело, професионално раководев со МВР

Од:

По неполни три часа распит, од Основниот суд Скопје 1 Скопје излезе поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, осомничена во случајот на СЈО наречен “Тврдина“, а во кој таа се сомничи за незаконско уништување на опремата за прислушување.

Таа истакна дека е сосема спокојна, бидејќи не сторила никакво кривично дело и додаде дека во периодот кога била министерка, раководела професионално со МВР.

Според Јанкуловска, Специјалното јавно обвинителство работи како продолжена рака на СДСМ, а тоа го покажале со досегашните активности во кои отварале предмети единствено против функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Екс министерката не одговори дали како министерка за внатрешни работи знаела за уништувањето на опремата, но за снимките кажа дека се нелегално стекнати, но дека секогаш кога ќе ја повикуваат, таа ќе се појавува на Суд.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on