Јанкуловска му одговори на Жерновски на Фејсбук

Од:

На вчерашната реакција на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, преку својот ФБ профил кој и се обрати на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, таа му одговори:

Без разлика на желбите на Жерновски, МВР нема овластувања и не смее да ги спречи граѓаните да организираат јавни собири. Неоснованите обвинувања кон полицијата најмалку доликуваат на носител на локалната власт, кој треба да работи во интерес на сите граѓани. Уште помалку истите ќе ја натераат полицијата да ги пречекорува овластувањата и да употребува прекумерна сила кон граѓаните кои го изразуваат својот револт и незадоволство од работењето на градоначалникот и неговиот тим.

Полицијата не потклекна на провокациите ниту кога градоначалникот и неговите соработници насилно уриваа огради, игнорирајќи каква било законска процедура, ниту кога истите се обидуваа насилно да упаднат на седница на Советот на општината прекинувајќи ја истата. Полицијата беше и остана крајно професионална и неселективна во работењето, без разлика дали некој сака своето неснаоѓање и грешки во работењето да ги покрива со закани, тепање и насилство врз граѓаните.

Благодарение на навремената и одмерена реакција, вчера во наелектризираната атмосфера немаше посериозен инцидент, ниту некој се пожали на какви било повреди.

Граѓаните од Жерновски очекуваат совесно вршење на функцијата, градење наместо уривање и исполнување на ветувањата, а не лутање во ингеренциите и упатување апели до полицијата. Како и секогаш до сега, и овој пат од страна на МВР секоја пријава или нарушување на јавниот ред и мир ќе биде истражено и третирано исклучиво согласно законот, а не согласно нечија политичка воља.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ексклузивно: Сопругот на Јанкулоска зборува за жолтите комбиња, понудите за спас, кој ѝ нарачал прислушување

Кристијан Ландов

Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Наум Локоски

Гордана Јанкуловска го покажа својот син, облечен во дрес од Ливерпул

Наум Локоски

Јанкулоска: Не можам да се оптоварувам со ефикасноста на судството, најважно ми е здравјето на детето

Наум Локоски

Груевски и Јанкулоска фаворизирале економски оператор за набавката на „мерцедесот“

Наум Локоски

Јанкулоска: Телефонот ми бил следен 732 дена

Наум Локоски