„Полицијата ќе постапи по случајот „Монструм“ само доколку надлежна институција го побара тоа од МВР, а сите доказни материјали досега собрани и обработени од полицијата се предадени на судот и на обвинителството“, истакна денеска минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Таа во интерес на судењето кое набрзо треба да започне не сакаше да изнесува детали за истрагата на полицијата.
„Ако која било институција побара дополнителни активности од нас согласно Законот, а поврзано со овој случај, ние така ќе постапиме“, рече министерката.