Јанкулоска растреперена пред судиите: Зарем прислушувањето не е кршење на човековите права

Од:

Само еден мој број е прислушувам 732 дена, нели е тоа кршење на човековите права, ги запраша судиите со растреперен глас поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната расправа дали осум „бомби“ да бидат доказ во постапката за набавка на „Мерцедесот“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Јанкулоска исто така цитираше пресуди на Европскиот суд за човекови права при што им објаснуваше на судиите зошто и е нарушена приватноста.

– Правото на приватност е цивилизациска придобивка, рече Јанкулоска.

Случајот со набавката на луксузниот владин „мерцедес“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, под името „Тенк“.

Обвинение е поднесено против Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, заменик-министер во МВР.

Обвинетите се товарат дека ја злоупотребиле службената положба за да прибават имотна корист за себе или за друго лице, со што, според обвинението, му нанеле штета на државниот буџет.

Во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата набавката на ова возило била договарана помеѓу Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов