(ВИДЕО) Јанкулоска: Нема причина да ми се одреди притвор

Од:

„Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат. Нема причина да ми се одреди притвор“, рече поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред денешното рочиште за случајот „Титаник“ на СЈО, откако кривичниот суд им определи притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Екс министерката е осудена на шест години затвор за предметот „Тенк“. Таа треба да ги надомести и судските трошоци во постапката.

Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службена должност и овластување, односно дека го поттикнала помошник-министерот Ѓоко Поповски да изврши кривично дело.

На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Јанкулоска поднесе жалба за првостепената пресуда до Апелацискиот суд, од каде што сè уште нема одлука.

Кривичниот суд соопшти дека рано утринава Јанакиески и Божиновски се притворени, поради опасност од бегство.

Ваквата постапка следи откако вчера експремиерот Никола Груевски, по кого е распишана меѓунардна потерница, објави на „Фејсбук“ дека се наоѓа во Будимпшета каде побарал политички азил. Груевски во истиот случај „Тенк“ е осуден на 2 години затвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов

Јанкулоска бара ослободителна за прислушувањето: Совеста ми е чиста, јас сум жртва на овој монструозен процес

Кристијан Ландов

Јанкулоска е сама во соба и иако сакаше, не работи во затворскиот весник

Кристијан Ландов