Јанкулоска не дојде во суд – „Титаник“ одложен за 3 јули

Од:

Поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска заради влошена здравствена состојба односно ризична бременост, рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули.

Како што информираше адвокатката на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи била спречена да дојде на рочиштето поради состојбата во која се наоѓа, при што достави лекарска потврда.

Јавната обвинителка Лиле Стефановска истакна дека во лекарската потврда не е наведена болеста за што е издадено тоа боледување и нагласи дека не е оправдано присуството.

Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата, што денеска требаше да почне со изнесување на доказите.

Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,…

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“