Јанкулоска: Граѓаните да не подлегнуваат на политички притисоци за насилство

Од:

Граѓаните да не подлегнуваат под никакви притисоци и повици за учество во насилство и недолично однесување во изборната кампања, но и после изборите, апелира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање за давањето насоки од некои политички партии за предизвикување инциденти за создавање основа за непризнавање на реузлтатите од изборите во недела, Јанкулоска потсети дека одоговрноста е индивидуална и оти нема да им помогнат ниту лидерите на политичките партии, ниту оние што ги иницираат.

Јанкулоска посочи дека МВР ја следи состојбата со спроведувањето на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори.

– Некои политички партии ги мотивираат симпатизерите и активистите да предизвикуваат инциденти, да се однесуваат на начин кој не соодвествува на едно демократско општество за да имаат основа во случај да се незадоволни од резултатот, да не го признаваат или да одат кон спроведување други мерки, изјави Јанкулоска по учеството на работилницата на тема „Говорот на омраза меѓу младите-моментална состојба и предизвици“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз