Јанкулоска го повтори ставот за претставката на ЗНМ

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска уште еднаш го повтори вчерашниот став во однос на заклучокот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во однос на случувањата со новинарите во собраниската галерија.

– Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди даде обемен и исцрпен одговор и јас немам ништо да додадам во однос на тој одговор. Треба сите ние да се почитуваме меѓу себе и да си овозможиме непречено да си ја вршиме работата која е наша основна заложба, истакна Јанкулоска по промоцијата на новите полициски возила во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање за покренатата претставка на Здружението на новинари на Македонија до МВР, нагласи дека полицијата треба да ја врши својата работа, а претставниците на медиумите својата.

– Се работи за две јавни и одговорни функции во општеството и токму поради тоа ние треба да настојуваме, покрај меѓусебно разбирање и почитување, доколку е можно, да си помагаме во извршувањето на задачите, рече Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март