Јанкулоска го избегна сведочењето пред Анкетна, на ред е Груевски

Од:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулoска, не дојде на закажаниот термин да сведочи пред Анкетната комисија за нејзината вмешаност во скандалот со прислушувањето.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против дневниот ред на денешната седница да биде сослушувана Јанкулoска.

– Штом не доаѓа Јанкулоска значи бега од сослушување, затоа и ВМРО-ДПМНЕ гласаат против дневниот ред – вели Горан Мисовски од НСДП.

Со само 6 гласа за Комисијата не можеше да го утврди дневниот ред. За гласаа членовите од СДСМ, еден член на ДУИ и ДПА. На седницата не присуствуваа Ејуп Рустеми од ДУИ и независната пратеничка, Роза Топузова Каревска.

Во 12.00 часот денеска треба да се одржи сослушување на премиерот, Никола Груевски. Со оглед на тоа дека пратениците од власта и опозицијата не ги разменија вообичаените реплики, изгледа дека го чуваат театарот за следната седница.

Останува неизвесно дали сведочењето на Груевски ќе се одвива зад затворени врати. Ако тоа го побараат пратениците Комисијата ќе треба да гласа, но не ќе мора да се гласа доколку затворање на седницата побара самиот сведок.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ