Обвинителката Катица Јанева упати апел до законодавниот дом да ги донесе измените за законот за заштита на сведоци за да може СЈО да навлезе во предметите „Монструм“ и „Мартин Нешкоски“.
Апелот Јанева го упати од прес конференцијата на која најави дека е изготвен вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО, кој од 19 до 30 септември ќе биде презентиран во Советот на јавни обвинтиели и во Собранието.
– СЈО ќе продолжи со својата работа, за граѓаните да дознаат кој и на кој начин од 2008 до 2015 година извршил кривично дело и кое произлегува од незаконското следење на комуникациите, кој се збогатил врз грбот на граѓаните на Македонија, тоа богатвство да биде вратено во државата, како и да се утврди кој вршел прислушување, рече Јанева.