(ВИДЕО) Јанева: За „Империја“ писмено обратете се до СЈО

Од:

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на денешната презентација на вториот мониторинг извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, не сакаше да одговори на прашањето на „А1он“ до каде е истрагата за случајот „Империја“, дали се сослушуваат уште сведоци, колкава е вкупната штета на буџетот.

Во одговорот рече медиумот писмено да се обрати до СЈО, каде што ќе добиел одговор. Јанева рече дека тема на конференцијата не биле истрагите, туку обвиненијата и извештајот на ОБСЕ.

„Обратете се до нашата служба за односи со јавноста“, рече Јанева.

Таа во одговор на адвокатката Сања Алексиќ дека обвинетите не ги добиле бомбите како доказ и дека пречесто се на судења во неколку предмети во судот рече: „Не сме тука ние дојдени да ги жалиме обвинетите. Тие се обвинети и ќе бидат во суд. Да го почитуваме судот. Не е тука местото. Разговорите не се дадени заради заштита на приватноста“.

Извештајот на ОБСЕ е за 20 обвиненија на СЈО за периодот ноември 2016 до ноември 2018 година.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов