(ВИДЕО) Јанева: СЈО отвори седум нови истраги за 17 лица

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува СЈО да продолжи да функционира и по истекот на роковите како институција на државата, со оглед на тоа, како што вели, да се искорени корупцијата.

„Судската пракса покажа дека снимките кои произлегуваат од незаконското прислушувања претставуваат доказ во судските постапки. Одвојувањето и прифаќањето на обвиненијата покажуваат дека доказите се ценат. Очекуваме да бидат прифатени и останатите обвиненија, со цел да докажеме дека обвинетите ги направиле делата кои им се ставаат на товар“, вели Катица Јанева

Јанева вели дека во изминатиот период СЈО ги презеле предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“ и понатаму ќе ги води СЈО. Ова јавно обвинителство ќе продолжи со работа и понатаму, а со тоа ќе отвора и нови обвиненија. Катица Јанева изјави и дека СЈО учествува во реформирање на судството.

СЈО отвори седум нови истраги, за 17 лица, кои се товарат за злоупотреба на службена должност, измами и други кривични дела.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов