ВИДЕО: Јанева си замина од Собранието по навредите, нема да се враќа повеќе

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем откако кон неа со навреди се нафрли пратеничката Владанка Авировиќ.

– Ви кажувам дека ова е последно што доаѓам на комисија. Освен на пленарна седница не доаѓам и сега ќе си одам, рече Јанева.

Јанева кажа дека односот на некои од пратениците кон неа е класичен мобинг и нема намера повеќе да се враќа и да седи во комисијата за да ја навредуваат и дека ќе се појави само на пленарната седница.

Веднаш по напуштањето на седницата пристигна и соопштение од СЈО од каде обвинителката Катица Јанева повтори и официјално дека повеќе нема да присуствува на комисиската расправа.

-Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на истата.“

Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работатата на ова Јавно обвинителство, сепак Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот, пишува во соопштенито од СЈО.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов