(ВИДЕО) Јанева: Предистрагата за „Сопот” останува – имаме друга теорија за случајот

Од:

Обвинителката Катица Јанева по денешното судење за предметот „Сопот“, рече дека и натаму останува отворена предистражната постапка што ја водат за осомничените во овој случај. Бараат меѓународна правна помош и имаат друга теорија за случајот.

Инаку, денеска СЈО се откажа од обвинението за случајот „Сопот“. Обвинителката Јанева рече дека нема докази со кои може да се утврди обвинението за конкретните обвинети.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека единствениот доказ на кој им се заснова пресудата е сведочењето на Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила. Рустеми тврди дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите. Во предметот 10 лица се осудени за кривично дело тероризам.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов