Јанева: Орце и Ана Камчеви се дно, Русковска нека пукне

Од:

Со критики и безобразни зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот за случајот „Рекет“, тврдејќи дека е невина. За неа, Камчев е валкан играч, кој не успеал да ја купи со пари. Јанева за обвинителката Вилма Русковска рече „нека пукне“.

„Орце и Ана Камчеви се дно. Тие немаат кредибилитет да се приближат до зградава, а камоли да сведочат. Јас за Камчев лежам во притвор 9 месеци. А каде се парите? Да имаше шеќер на масата, наместо парите, кокаин ли ќе беше? Оној што го шмрка Камчев. Тој сакаше да соработува за другите предмети на СЈО, но е ‘прљав’ играч, злобен, мисли дека сè може да купува.. Но мене не, се зафркнал“, рече Јанева.

Јанева смета дека обвинението на Русковска е без никакви докази.

„Обвинението без никакви докази овие два дена го растуривме како баница. Обвинителката Рускоска нема анимозитет туку чиста завист и омраза, нека пукне“, искоментира Јанева.

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, а осуден е Зоран Милески – Кичеец. Јовановски се товари за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, додека  Јанева се гони за злоупотреба на службената положба и овластување.

Би можело да ве интересира

Груевски, Мијалков, Камчев, Новачевски дел од осомничените за перење пари

Ана Ололовска

Милески се преселил, за барањето за одложување на казната надлежен е судот во Охрид

Ана Ололовска

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“

Ана Ололовска

Кичеец: Не барам одлагање, ќе се пријавам да ја издржам казната затвор

Зоран Милески-Кичеец денеска треба да се јави во затвор за случајот „Рекет“

Мери Јордановска

Одложено рочиштето „Катица против Боки 13“

Ана Ололовска