Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пред презентирањето на трите нови случаи „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“ побара од новото парламентарно мнозинство да го избирше, измени или укине Членот 20 од законот за СЈО со цел тие да можат да продолжат со својата работа.
– Во врска со рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија, СЈО покажа дека е на вистински пат во справување со криминалот. Сметам дека во периодот од мојот избор како обвинител, со својата работа ја оправдав довербата која ми е дадена од граѓаните. Ќе продолжиме најпрофесионално да ја вршиме својата работа, рече Јанева.
Таа кажа дека нема да ги преслушаат останатите 55 проценти од разговорите бидејќи се процесуираат веќе преслушаните 45%, но ќе продолжат да пуштаат обвиненија за случаите кои ги истражуваат од преслушаниот материјал.
– Јас како Специјален јавен обвинител сум свесна дека очекувањата од ова обвинителство се преголеми поради криминалите на власта. СЈО ќе продолжи со работа додека не ги истражиме сите работи. „Монструм“, „Скопје 2014“, „Мартин Нешкоски“ и „Диво Насеље“ се во предистражна постапка. Две од денешните истраги се финансиски, а едната е за незаконско градење. Талир е прва истрага во која постои основано сомнение за перење пари. Предмет на истрагата не е политичката партија, напротив, запознавање на јавноста како одредени личности од раководството се здобиле со богатство, рече Јанева.