• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Јанева негирала вмешаност, била под голем стрес

by А1он23/07/2019 - 12:2023/07/2019 - 12:241933
Share0

Катица Јанева откако отишла во СЈО негирала дека е вмешана во аферата „Рекет“. Таа, според дел од обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, кажала дека воопшто не е виновна за ништо и дека се наоѓа под голем стрес.

Добивај вести на вибер

Токму Катица Јанева се очекува по една недела изолација, денеска да се појави пред јавноста.

Таа во текот на денот ќе одржи прес-конференција каде се очекува да каже дали е вмешана во случајот „Рекет“, каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Јавноста прашува, а Јанева ќе треба да одговори дали ја злоупотребила службената положба, откако се обзнани дека Боки 13 ја користел својата блискост со обвинителката за да олесни положба на бизнисмен во случајот „Империја”.

Јанева отвори боледување во вторникот, по што отсуствуваше од работа.

Претходно, полицијата и го одзеде еден од двата телефонски уреди кој го даде на вештачење, за да се утврди комуникацијата меѓу неа и осомничените во „Рекет“, но и поради прибирање на други докази кои можат да послужат во постапката.

Денеска Обвинителството соопшти дека е пронајден и вториот телефон на Јанева, за кој нејзиниот син Лазар Јанев велеше дека е изгубен во Белград, а полицијата го пронашла кај лице кое рекло дека го добило како подарок.

Телефонот е пронајден преку IMEI кодот.

boki 13katica janevasjo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:51

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски13/12/2025 - 10:2313/12/2025 - 10:53

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски13/10/2025 - 12:29

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски04/03/2025 - 10:4904/03/2025 - 10:50

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он03/03/2025 - 15:56

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 13:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен